ДИК ќе расправа за претставките за предвременa изборна кампања

Од:

ДИК на денешната седница час и половина го утврдуваше дневниот ред бидејќи членовите на највисокото изборно тело не можеа да се договорат дали на ова седница да расправаат за претставките поднесени од опозициската СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ кои главно се однесуваат на предвремен почеток на изборната кампања.

Комисијата сепак по гласањето одлучи на оваа седница да ги разгледува претставките, но тие да бидат ставени како една точка на дневниот ред, а не како две како што предложи претседателот на ДИК Борис Кондарко.

Членот на ДИК Влатко Сајковски побара при утврдување на дневниот ред претставките од двете политички партии да не се разгледуваат на оваа седница со образложение дека тие се обемни и дека ги добиле непосредно пред почетокот на седницата.

– Претставките се важни и затоа има потреба од посебна седница, рече Сајковски.

Неговиот предлог го поддржаа и Сашо Срцев и Анета Стефановска.

Претседателот на Комисијата Борис Кондарко се спротивстави на предлогот и рече дека станува збор за претставки за предвремено почнување на изборна кампања и оти Комисијата ќе нема време тоа да го направи на посебна седница имајќи предвид дека во недела се Локалните избори.

Кондарко смета дека доколку претставките се разгледаат на друга седница или по изборите дека тоа ќе биде депласирано. Според него, претставките барем треба да се отворат на седницата.

СДСМ до ДИК поднесе 208 претставки во врска со изборната камапња, а ВМРО-ДПМНЕ 223.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ