И по донесувањето на новиот устав, нашата партија води политичка војна во институциите на системот, за вие да имате подобар живот. Ова на синоќешниот митинг во Теарце го изјави Лидерот на ДУИ Али Ахмети.
„Вие гледате дека пред вас се наредните млади водачи на вашата општина. Тие со многу труд и работа ќе ви го подобрат вашиот живот во сите сегменти. Вие знаете дека градоначалникот на Теарце Исен Асани кој ќе добие уште еден мандат направил многу за вашата општина. Новите млади советници од ДУИ ќе му бидат од голема помош за дореализација на неговите проекти. Ние од ДУИ изминативе 12 години само напредуваме и тоа треба да се цени. Но да знаете тие успеси се и ваши, беа вашата подршка ништо не би можеле да реализираме“ – изјави Ахмети.
Ќе изградиме заеднички водовод за сите села, порача кандидатот за градоначалник на Теарце Исен Асани. Тој рече дека ги реализирал сите проекти кои се значајни за општината.
„Асвалтиравме многу улици и изградивме спортски сали со подршка на владата. Изградивме водоводи во повеќе села во општината, кои во иднина ќе бидат приклучени на еден зеднички водовод. Во програма ни се иградба на мали хидроцентрали на повеќе реки низ Шар Планина ,за што имаме изработено и физибилити стидуја. Ќе воспоставиме добри услови за странски но и домашни инвестиции. Исти така приоритет ни е и развој на тиризмот на Шар планина преку промоција не нејзините природни вредности“, рече Асани.
ДУИ синоќа одржа митинзи и во Орашје и Порој.