Хервиг ван Стаа: Се надевам дека изборите во Македонија ќе поминат без проблеми

Од:

Претседателот на Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа (КЛРВСЕ), Хервиг ван Стаа се надева дека локланите избори во Македонија ќе поминат добро, со оглед на тешкотиите кои беа констатирани од делагцијата на Конгресот на политички и етнички план во земјата, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

– Ќе се обидам да ја посетам Македонија за да се информирам за случувањата. Доаѓам од Австрија и процесот што се случува последниве години на Балканот ме интерсира, вели Ван Стаа.

КЛРВСЕ, нагласува, ќе испрати своја делегација, која ќе ги следи изборите во Македонија, а нејзиниот извештај се очекува со големо внимание во Стразбур.

– Одблиску ќе ги разгледам извештаите кои ќе ни бидат донесени од набљудувачите на изборите. Мислам дека е важно да му се покаже на населението дека Конгресот и Советот на Европа се интерсира за неговиот демократски развој во нивната земја – Македонија, посочи Хервиг ван Стаа,

Во однос на контекстот во кој се одржуваат овие локални избори во Македонија, претседателот на Конгресот за локланите и регионалните власти на Советот на Европа, вели дека Македонија не е единствената земја во Европа во која има тешкотии, како на политички план, така и со малцинствата.

– Се надевам дека резолуциите и препораките кои беа усвоени последниве години ќе бидат корисни за Македонија. Исто така, се надевам дека изборите ќе поминат без тешкотии, изјави Хервих ван Стаа.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно