Полицијата на Хонг Конг соопшти дека уапсила три лица кои се доведуваат во врска со вандализмот во квратот на градот Каулун.
Полицијата соопшти дека се уапсени едно 15-годишно девојче, 16-годишно момче и еден 29-годишник заради уништување на градските автобуси.
Четвртото осомничено лице е во бегство, соопшти полицијата пренесена од британските медиуми.
Според полициските извештаи, четворицата влегувале во автобусите, ги притискале копчињата за итни случаи, а потоа почнувале со кршење на прозорците со чекани.
Пријавено е и дека пет лица фрлиле Молотови коктели во еден јапонски ресторан, но дека во инцидентот нема повредени.
Исто така е пријавено и дека некои лица предизвикале пожар на улица во дел од градот што честопати е место на жестоки судири на демонстрантите и полицијата во текот на последните шест месеци, колку што траат протестите во градот.