Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Приштина изрази поддршка за дијалогот меѓу Приштина и Белград, нагласувајќи дека евентуалното постигнување договор утре во Брисел и неговата примена на терен, би можеле да го отворат патот за позитивна одлука на Европскиот совет за Договор за стабилизација и асоцијација.
– Овој напредок е резултат на напорната работа на Косово. Важно е да се одржи темпото и натамошната работа на овој напредок, бидејќи врз основа на тоа земјите членки во јули ќе одлучат за идните чекори, истакна Филе по средбата со косовската министерка за евроинтеграции и за правда Влора Читаку.
Тој додаде дека следните денови и недели ќе бидат од клучно значење за односите меѓу Брисел и Приштина, нагласувајќи дека можен договор утре во Брисел и негово имплементирање би можеле да овозможат пат за позитивна одлука за Договорот за стабилизација и асоцијација.
Во Брисел утре треба да се одржи седма рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово под покровителство на ЕУ.