Жените пратенички на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за законот за прaвична застапеност на листите, ДУИ гласаа против

Од:

Пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Ане Лашкоска, Магдалена Манаскова, Слаѓана Митовска, Весна Пемова, Жаклина Пешевска, Весна Дамчевска Илиевска, Лилјана Затуроска, Дафина Стојановска не гласаа за законот отворени листи и за правична застапеност на мажите и жените на пратеничките листи. Покрај пратеничките од опозицијата, не гласале ниту Теута Биљали од Беса, Елизабета Канческа-Милевска од независната група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Во групата пратеници кои се воздржаа од гласање се и пратениците Ферид Мухиќ, Сурија Рашиди и Зијадин Села од Алијанса за Албанците, како и присутните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Драган Данев и Емил Димитриев.

Поддршка на законот кој го предложи група од 15 пратеници кои беа иницијатори на овој и на законот за измените за изборниот законик за една изборна единица дадоа 55 пратеници, од кои најголем дел од СДСМ. „За“ гласаа и пратеничките Даниела Рангелова од ВМРО –ДПМНЕ, Владанка Авировиќ од СПМ и Емилија Александрова од независната група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничка група на ДУИ беше против правична застапеност, при што против гласаа спикерот Талат Џафери, Џеват Адеми, Мирсада Емини-Асани, Ејуп Алими, Реџаил Исмаили.

Покрај законот за отворени листи и правична застапеност, помина и првиот закон за измени на изборниот законик. За да помине законот, за отворени листи потребно е Бедентерово мнозинство. Како што изјави за „А1он“ Лилјана Поповска од ДОМ, една од пратеничките кои го иницираа законот, законите прво ќе се најдат пред матичните комисии, а потоа на седница и се очекува да се обезбеди потребното мнозинство и да бидат усвоени.

Би можело да ве интересира

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски

Пратеници од „Европски фронт“ поднесоа иницијатива за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Поддршка од пратениците за законски измени со кои ќе се забрани пиротехника во затворен простор

Зајкова: Да ги заштитиме жените и жртвите на семејно насилство, а не да санираме ненадоместливи штети