Девет земји од ЕУ со „нон пејпер“ за забрзана евроинтеграција на Западен Балкан

Од:

Австрија, Чешка, Естонија, Италија, Литванија, Летонија, Малта и Полска доставија во Брисел свој предлог за „унапредување на процесот и одржлива и забрзана интеграција на Западен Балкан“.

Радио Слободна Европа, која имала увид во т.н. нон пејпер, јави дека деветте членки на ЕУ излегле со предлози околу новата методологија за проширување, која Европската унија, според најавите, ќе ја усвои до крајот на јануари следната година.

„Потребно е да се одржи способноста на ЕУ да ги интегрира новите членки брз ослабнување на нејзината внатрешна кохеренција. Меѓутоа, внатрешната реформа на ЕУ не може да биде предуслов за проширување. Нашата врата останува отворена“, се наведува во документот потпишан од овие држави.

Во документот се потенцира дека зајакнатиот процес на придружување треба да биде надграден на постојниот консензус за проширување врз основа на принципите: полноправно членство во ЕУ како крајна цел; пристап заснован на заслуги; строго но чесно условување; поттикнување регионална соработка и добрососедски осноси и компатибилност со веќе постоечката преговарачка рамка.

Во нон-пејперот на овие девет држави се бара од Европската комисија во идната методологија да се опфати групирање на преговарачките поглавја по главни области, како и паралелно, наместо последователно, отворање поглавја. Овие земји оценуваат дека со тоа, меѓувладините конференции би станале „политички порелевантни и поинтерактивни“.

Посебно внимание деветте држави посветуваат на поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на владеење на правото. Европските држави во нон-пејперот бараат на ова прашање да се пристапи по пат на приоритети, јасни препораки и временски рокови. Исто така, се оценува дека ЕУ и земјите-членки траба да понудат поголема поддршка за имплементација на европското право, посебно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и дека скринингот на законодавството од оваа област би требало да почне во моментот на одобрување на кандидатскиот статус.

Државите потписнички на овој документ сметаат дека политичкиот поттик би требало да вклучува и годишни средби на ниво на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, како и поголемо учество на претставниците од регионот на неформалните средби на Советот. Исто така, се предлага „ефикасен и насочен финансиски поттик“, кој ќе го наградува и олеснува напредокот. Во таа слисла се спомнува подобрување на координацијата на финансиската поддршка за регионот, како и зголемена соработка со меѓународните финансиски институции со цел зголемување на инвестициите.

„Потребно е проактивно ангажирање на ЕУ и нејзините членки во пристапувањето на Западен Балкан, како и поголема кохерентност на западнобалкљанските држави во ЕУ интеграциите, како нивни стратешки избор“, истакнуваат Австрија, Чешка, Естонија, Италија, Литванија, Летонија, Малта и Полска.

Овој нон-пејпер е уште еден придонес во изработката на новата методологија која ја подготува Европската комисија, надоврзувајќи се на предлогот на Франција, која минатиот месец излезе со свои предлози за зајакнат пристап во процесот на преговори за членство.

Европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Верхаји информираше дека францускиот предлог не е единствен и оти неговиот кабинет примил сугестии и од останатите земји-членки. Тој во повеќе наврати соопшти дека во јануари Европската комисија ќе излезе со нов предлог за измена на методологијата на процесот за приклучување во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија