Премиерот на Косово, Хашим Тачи по разговорот со потпретседателот на САД, Џозеф Бајден изјави дека постои можност да се постигне договор за северот на Косово, доколку Србија се откаже од создавање на „Република Србија“, во тој дел.
Бајден вчера имаше одвоени состаноци со Тачи и со претседателот на Србија, Томислав Николиќ.
Тачи истакна дека САД очекуваат да се постигне договор поради нормализација на односите помеѓу Србија и Косово.
-Тоа ќе значи поголема стабилност, мир и перспектива во интеграцијата на двете држави – изјави тој.
Елена Георгиевска