Македонската боскерска репрезентација од денеска до недела ќе настапи на Балканското првенство во Анталија, Турција.
Репрезентација е во состав, Јасин Љама ,Гоце Јанески и Арсим Етеми. Водач и тренер на екипата е Скендер Јахиу.
Љама ќе настапи во категоријата 69 кг, Јанески во 75кг и Етеми во 81 кг. Овие тројца наши боксери настапија на Европското првенство во Минск оваа година.
Покрај тројцата боксери на шампионатот ќе настапи и Стефан Цубалевски, тој ќе биде наш претставник кај судиите на Балканското првенство.
Ждрепката е денеска во 12 часот по локално време.