Аргентинскиот кардинал Хорхе Марио Бергољо денеска официјално беше интронизиран во поглавар на Римокатоличката црква.
Церемонијата се одржа на отворено на плоштадот Свети Петар пред истоимената базилика во Ватикан. Папата пристигна со бел отворен џип. За безбедноста додека траеше процесијата се грижеа околу 3.000 полицајци. Над Рим имаше полициски хеликоптери, забрането беше прелетување на авиони.
Според Ватикан, околу 200 илјади луѓе присуствуваа на церемонијата.
Пред почетокот на церемонијата Франциск се помоли на гробот на Свети Петар во базиликата. Потоа излезе на плоштадот со околу 180 кардинали, патријарси и архиепископи.