Термоелектраните на јаглен во Западен Балкан загадуваат шестпати повеќе од дозволеното

Од:

Во најновиот извештај на истражувачката мрежа „ЦЕЕ Банквоч“ (CEE Bankwatch) објавен денеска се наведува дека вкупните емисии на сулфур диоксид (СО2) од термоелектраните на јаглен во Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Северна Македонија во 2018 година биле шестпати поголеми од дозволеното во Националните планови за намалување на емисиите.

Според извештајот најголем загадувач со сулфур диоксид во регионот е српската електрана „Костолац Б“ и покрај тоа што има постројка за десулфуризација. Електраната „Костолац Б“ испуштала дури 14-пати од дозволените емисии од сулфур диоксид и покрај тоа што има нова постројка за десулфуризација од јули 2017 година.

Во Извештајот се посочува дека емисиите на прашина од јаглен во Србија, Косово, БиХ и Северна Македонија се над 60 проценти од дозволеното. Термоелектраната „Косово Б“ испушта најмногу прашина од јаглен, речиси половина од дозволеното за овие четири држави.

Земјите од Западен Балкан се потписнички на Договорот за енергетска заедница, кој предвидува намалување на загадувањето во индустријата, од кои првиот требаше да се спроведе до 2018 година. Истражувањето покажува дека земјите не само што не се придржуваат до преземените обврски туку и дека е влошено нивото на загадување на воздухот.

– Со оглед на штетноста по здравјето на луѓето предизвикано од загадувањето на воздухот, инвестициите во намалување на емисиите или затворање на термоелектраните не е само прашање на правна туку и на морална обврска, изјави координаторката за енергетика од мрежата „ЦЕЕ Банквоч“ и една од авторките на Извештајот, Јоана Циута.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза