Твитер ги објави најкоментираните теми за 2019 година, па меѓу нив се серијата „Игра на престоли”, катедралата Нотр Дам и претседатлот на САД – Доналд Трамп.
На прво место во класификацијата на настани на годината, е пожарот во Нотр Дам, кој избувна на 15 април, и што уништи дел од објектот. На второ место е хаштагот „Почетокот на епохата на Реива” – почетокот на владеењето на новиот јапонски цар, кој беше крунисан на 1 мај. Трета е Венецуела, каде што во јануари започнаа масовни протести, а Хуан Гуаидо се самопрогласи за привремен претседател на земјата.
Во првите 10 најпопуларни теми се најдоа Брегзит, тајфунот Хагибис во Јапонија, пожарот во Амазонија, протестите во Хонгконг, климатските протести, терористичкиот напад во Крајстчрч, Нов Зеланд, како и предизборните дебати на демократите во САД.
Најкоментираните личности за 2019 година се претседателот Доналд Трамп, неговиот претходник Барак Обама и премиерот на Индија, Нарендра Моди. На списоков се и американската политичарка Александрија Оказио-Кортез, претседателот на Бразил – Жоир Болсонаро и кандидатите за претседател на САД – Барни Сандерс и Џо Бајден.
Натаму, поранешната кандидатка за американски претседател – Хилари Клинтон и францускиот лидер Емануел Макрон се пред претседателот на Русија, Владимир Путин.
Најкоментираната ТВ-серија за 2018 година е „Игра на престоли”. Натаму следат „Почудни нешта”, „Симпсонови”… Во категоријата за филмови апсолутен победник е „Одмаздници: Завршница“.
Глумци кои привлекле најмногу внимание на Твитер се Том Холанд, Крис Еванс и Зендеја. А пак, меѓу музичките ѕвезди, тоа се Аријана Гранде и раперот Дрејк.
Во специјалната категорија за објава со најмногу споделувања, победи кокошкиното јајце што во јануари го урна светскиот рекорд и на Инстаграм според бројот на допаѓања. Корисниците, исто така, масовно го споделувале видеото на коешто група студенти бега од мало патче и она каде што маче „совршено добро“ прескокнува речиси невозможна препрека.