Џејмс Камерон: Моментално живеам на Пандора

Од:

Иако не е новост дека режисерот Џејмс Камерон подготвува второ и трето продолжение на мегапопуларниот филм „Аватар“, во последно време приказните за ова остварување паднаа во заборав.

Сепак, Камерон интензивно работи на пишување сценарија за двете продолженија на „Аватар“. Бидејќи за тоа му е потребен мир, режисерот се повлече на одалечената фарма на Нов Зеланд.

– Неодамна разговарав со Питер Џексон (режисер на „Господар на прстените“ и „Хобит“) и му реков: – Тебе пријателе, ти е лесно. Имаше книги по кои го сними „Господарот на прстените“, а јас во мојата глава морам да создадам книги и врз основа на нив да направам сценарио, рече Камерон, пишува „Хафингтон Пост“.

На прашањето уште колку работа му останало, познатиот оскаровец одговори дека моментално живее на Пандора.

– Полека се доближувам до моментот кога ликовите добиваат живот и сами почнуваат да го пишуваат сценариото, рече тој. Сепак, не сакаше да шпекулира со датумите на почетокот на снимањето. Никаде не му се брза, рече, и не сака на себе да си создаде безпотребен притисок.

Да потсетиме, првото продолжение на „Аватар“ заработи неверојатни 2,7 милијарди долари и е најскапиот филм досега.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ