Јавното обвинителство отвори предмет за објавените аудио записи на социјалните мрежи, потврди државниот обвинител Љубомир Јовески.
Ќе се испитува кој ги објавил снимките, идентитетот на лицата што разговараат и содржината на разговорите. Преку доказите ќе се утврди дали лицата ќе бидат повикани за исказ во Обвинителството и дали има елементи на кривично дело.
Се работи за седум кратки снимки во кои се слуша глас кој наликува на гласот на познат бизнисмен, сведокот во случајот „Рекет“. На аудио материјалите се слуша како тој бара контакт со братот на премиерот, Вице Заев.