Песната „Survival“, која ја изведува британскиот бенд „Muse“ е одбрана да биде официјална песна на Олимписките игри во Лондон. Тоа значи дека публиката ќе има прилика оваа нумера да ја слуша при излегувањето на спортистите на терен, доделувањето на медалите и слично.
Во потрагата за официјална химна на Олимписките игри 2012, организаторите сакаа да се задоволат неколку критериуми – изведувачот да биде од Велика Британија, песната да инспирира и да биде традиционална.
Сите тие услови ги задоволува токму „Survival“. Оваа песна од 27 јули ќе ја слушаме секој ден, затоа што ќе послужи како пратечка тема на сите интернационални преноси на Олимписките игри.
„Многу сме возбудени што Олимпискиот комитет одбра песна од групата „Muse“, за официјална химна на Олимписките игри“, објавено е на интернет сајтот на музичката група.