Беат Фојц триумфираше на спустот во американскиот зимски центар „Бивер Крик“ во Колорадо, со што го повтори успехот од лани.
Триесет и две годишниот Швајцарец победи по деветти пат во дисциплината, откако заврши со 1:18.98, на +0.41 секунди пред вториот Јоан Клери од Франција и Австриецот Винсент Крихмаер. 39-годишниот ветеран Ханес Рајхелт постигна импресивно четврто време, додека фаворитот на домаќините, Рајан Кокран-Сигел ги изненади сите со својата шеста позиција во финалето.
Двократниот освојувач на олимписки медали веќе го предводи генералниот пласман по првите два старта, во кои се искачи на подиумот – минатата недела заврши на третото место на патеката во Лејк Луис.
Томас Дресен, кој беше најбрз во Канада, беше едвај 19-ти во Бивер Крик, завршувајќи на +1.10 зад брзиот Швајцарец. Тој во моментов е трет во пласманот, додека Крихмаер е втор – на 44 бода од врвот.