(ВИДЕО) Костовски: Додека Спасовски уверува дека граѓаните се безбедни во реалноста децата се бодени со ножеви

Од:

Безбедносната состојба во Скопје е катастрофално лоша. Градот е претворен во фавела во кој царува криминал, насилство и банди. Потенцијални жртви од тоа се сите граѓани, а институциите немо посматраат и како статистичари бројат настрадани, рече Дарко Костовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Бутел, на денешната прес-конференција.

Вчера на неколку метри од општинската зграда во Бутел, беше прободено со нож едно малолетно момче, а друго кое било со него, беше физички нападнато. Жртва беше 13-годишно дете, а утре може да биде некој друг. Улиците се претворија во зони по кои хараат банди.

Родителите се плашат да ги пуштат децата на улица, во училиште или во парк, бидејќи не знаат кој може да ги нападне.

Очекуваме надлежните институции да го разрешат овој случај итно и сторителите на крвавиот напад врз детето да ги изведат пред лицето на правдата и најостро да ги санкционираат. Оливер Спасовски додека во камера уверува дека граѓаните се безбедни во реалноста децата се претепувани, бодени со ножеви, мафијаши се пукаат по улици и хотели, банки, домови и други објекти се ограбуваат.

Животот на секој човек е во опасност. Се сомневаме дека ваквите ликови му се многу добро познати на градоначалникот Велимир Смилевски и дека тој со нив е близок пријател.

За жал Смилевски ништо не презема за безбедноста на граѓаните во Бутел, заштита на нивните животи и имоти.

Ова лудило мора да престане. Оружје, дрога и насилници го преплавија градот и општина Бутел . Спасовски треба да ја работи работата за која е платен. Очекуваме конечно и градоначалникот на Бутел Смилески да биде градоначалник на сите и да направи нешто да се заузда криминалот во општината. Граѓаните го бараат и го очекуваат тоа од нив.

Како ВМРО ДПМНЕ бараме итна седница на општината Бутел на која што задолжително треба да присуствува и командирот на полициската станица со две точки на дневен ред. Прво – целосно разрешување на вчерашниот немил настан и апели за остро санкционирање и второ да се разговара општо за безбедносната состојба во општината Бутел која е веќе сериозно загрозена.“, наведе Костовски.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски