Ангелов: Во Македонија нема инвестиции затоа што Талат Џафери е министер за одбрана

Од:

Држава во која командант Форина е министер за одбрана, не е безбедна држава, затоа не чудете се што во Mакедонија не доаѓаат инвестиции, им се обрати на вечерашниот митинг во Велес на присутните, лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

– Пари нема затоа што нема работа, работа нема оти нема фабрики, а фабрики нема оти нема инвестиции, а странски инвестиции нема оти Талат Џафери е министер за одбрана. Не може да има инвестиции таму каде Груевски ги амнестираа злосторниците, кои се изживуваа врз невини работници – истакна Ангелов.

Тој му порача на Груевски наместо кандидатот за градоначалник на Кичево од ДУИ да го праќа да замине во Албанија, да ги примени сите механизми на власта и да го соочи со правдата.
Премиеру Никола, вие не сте мало дете, но познат сте како политички плачко и кукавица – му порача лидерот на бранителите.

Тој ги повика безбедносните сили на 24 март да гласаат за, како што рече, единствената патриотска опција, „Сојузот за иднината“, оти истакна дека со неформалниот лидер на здружената опозиција, Бранко Црвенковски, договорил оти ќе го реши нивниот статус и нивните проблеми.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука