Групацијата „Еуростар“, со седиште на Блискиот Исток, лансира таблет наменет само за жени (ePad Femme), кој чини околу 200 евра и користи оперативен систем Андроид.
Овој апарат нуди вгаредни апликации за готвење, пазарење, диети и слично, како и убава розева позадина.
Компанијата го рекламира како „Прв таблет на светот произведен само за жени“, кој на дамите би требало да им го олесни животот и не мораат да се мачат да вчитуваат апликации и да трошат време на пребарување.
Се што треба да направат е да кликнат на некоја од веќе понудените бројни апликации, како што се „јога за жени“, „блискоисточни рецепти“, „најубави парфеми“, „разговори за облека“ и слично.
Заедницата на корисниците на Твитер, меѓутоа, незадоволно реагирала на овој изум, за кој тврди дека претставува безсрамен продор на сексизмот во доменот на информатичката технологија. Според нив, и покрај современата технологија „ова сите заедно не враќа 100 години назад“.