Во Советот на Европа, во канцеларијата и во присуство на генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ, министерката за правда на Северна Македонија, Рената Дескоска, го потпише Протоколот за изменување и дополнување на Конвенцијата за заштита на лицата во однос на автоматска обработка на лични податоци (CETS бр. 223).
Министерката за правда Рената Дескоска денеска во Стразбур учествуваше и на сесијата на Комитетот на министри за човекови права, кој го надгледува извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.