ВИДЕО Шерифова: Драги сограѓани, не се продавајте на власта за брашно и пари

Од:

„Излегоа вчера тројца Роми и под команда на ВМРО-ДПМНЕ, ги критикуваа и навредуваа Бранко Црвенковски и Менде Диневски. Само уште да кажеа за колку пари се продадоа кај ВМРО – ДПМНЕ. Срам и арам да им е!“, реагираше денеска Џеваир Шерифова, кандидат на опозицискиот Сојуз за иднината за член на Советот на општина Битола.

Не знам зошто, рече, цело време зборуваа против Бранко и Менде и што тие арно или лошо им направија, кога и Бранко и Менде осум години се опозиција. И да сакаа не можеа ниту да им помогнат ниту да им одмогнат. Тие тројцата Роми не се претставници на сите Роми и не се грижат за сите Роми. Оти ако вистински не сакаат нас Ромите – прво ќе ја критикуваа власта, и ќе го критикуваа ВМРО – ДМПНЕ, а тие им седнаа во скутот. Владимир Талевски и Никола Груевски за нас Ромите се интересираат само пред избори колку да соберат некој глас.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?