Кампања: Сакаме кул градоначалници за еколошко жешки точки

Од:

Со кампањата наречена „Сакаме кул градоначалници за еколошки жешки точки“, еколошките организации упатија и алармираа за најекстремните загадувачи и нивното влијание.

Коалицијата „Екологијата приоритет“, составена од 13 еколошки граѓански организации, испрати апел до кандидатите за градоначалници да реагираат и да го споделат својот план за екстремното загадување. Посочија 15 најголеми загадувачи во земјава, од кои депониите на ОХИС, „Макстил“, „Годел“ и рафинеријата „Окта“ се наоѓаат во Скопскиот регион.

Коалицијата повика кандидатите да потпишат заложба дека доколку бидат избрани, ќе работат на санација и ремедијација на еколошката жешка точка во општината, бидејќи како што велат со децении во повеќе општини се испуштаат 200 милиони тони отпад со хемикалии кои ги загадуваат воздухот, водата, почвата и храната.

„Стотици илјадници граѓани живеат во непосредна близина на опасни места, отворени депонии со арсен, имаат шествалентен хром во бунарите, почвата во која го одгледуваат зеленчукот е загадена со линдан или олово. Последиците од овие хемикалии се страшни. Дополнително, се‘ е оставено на случајна среќа, никој не го едуцирал населението со што живее“, вели екологот Искра Стојковска, на почетокот од кампањата.

Еколозите потенцираат дека по децении откако е променет системот, загадувањето воопшто не е променето, и порачаа нешто да се преземе.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада