Рекорден број Шпанци го следеа преносот од полуфиналето на ЕП

Од:

Завршницата од преносот на првиот полуфинален меч на Европското првенство во фудбал меѓу актуелниот шампион на Европа и светот, Шпанија и Португалија, преку малите екрани ја следеа рекорден број шпански гледачи, соопшти денеска телевизијата „Телесинко“.

„Пенал рулетот“ на овој натпревар го следел 18,141 милион гледачи, што претставува повеќе од 83 отсто од вкуниот аудиториум во Шпанија.

Гледаноста на преносот на „Телесинко“ растеше како натпреварот се ближеше кон крајот. Регуларниот тек на мечот го следеа повеќе од 14 милиони гледачи, додека за време на продолжението бројката се искачи на 16,484 милиони, се наведува во соопштението.

Шпанија во синоќешното полуфинале ја елиминираше Португалија по подоброто изведување на пеналате со 4:2 и се пласира во финалето на овогодишното ЕУРО, во кое на 1 јули во Киев ќе игра со победникот на вечерашниот дуел меѓу Германија и Италија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жедната страна на ЕУРО 2012

Ана Ололовска

Балотели заслужува неколку шлаканици

Ана Ололовска

Шпанскиот крал ги пречека европските шампиони

Ана Ололовска

Пред натпреварот со Германија, Балотели ја чул најдобрата вест во животот!

Ана Ололовска

Бакнеж за насловна страна

Ана Ололовска

ФОТО: Како се славеше победата на Шпанија

Ана Ололовска