Командантот на КФОР, генерал Фолкер Халбауер, изјавил дека безбедноста на Србите во Косово е загрозена, но дел од одговорноста ја сносат и српските институции на северот.
Ако во северна Косовска Митровица секој ден се фрлаат бомби, се разбира дека тоа е закана за безбедноста на граѓаните. Но, повеќе од половината напади се врз вработените во административната канцеларија за северна Митровица на косовските власти, вели тој.
Според генералот, Србите понекогаш не дозволуваат косовската полиција и ЕУЛЕКС да вршат истраги за нападите, а КФОР нема надлежност за самиот да ги испитува таквите случаи, ниту да ги бара виновниците.
Јасна Атанасова