(ВИДЕО) Георгиев: Бараме прекршочни за функционерите на ДПМНЕ бидејќи злоупотребат народни пари

Од:

Повод за денешната прес конференција се нови претставки кои ги доставивме до ДИК и Антикорупциската Комисија по два основи. Прво, за испитување на случаи на злоупотреба на буџетски средства во предизборна кампања од страна на власта. Второ, за испитување на предизборните вработувања во јавните институции направени од централната и локалната власт, рече Гордан Георгиев.

По првиот основ, вели, бараме да се покренат прекршочни постапки за 73 случаи на злоупотреба на народните пари од власта и нејзините кандидати, затоа што функционерите на ВМРО ДПМНЕ со поставувањето на камен темелници и отворање на инфраструктурни објекти среде кампања, директно ги прекршуваат членовите 11 и 12 од Законот за спречување на корупцијата.

По вториот основ, додаде, бараме да се покренат прекршочни постапки за огласите кои беа објавени по распишување на изборите, а преку кои треба да се вработат 164 лица во државни и јавни институции, како и преку програми за самовработување плус 930 лица, или вкупно 1094 лица, што исто така е спротивно на членовите 11 и 12 од Законот за спречување на корупцијата.

Колку ВМРО ДПМНЕ ја злоупотребува централната власт во предизборни цели, говори и еден друг податок. Имено, само еден ден пред распишување на локалните избори, на 10 јануари, Владата распишала оглас за вработувања на нови 260 лица, за кои очигледно ќе биде многу тешко да им се најде слободно столче, но се користат за лов на гласови.

Овие злоупотреби се причината поради која Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ упорно избегнуваат да ги прифатат препораките на ОБСЕ/ОДИХР со кои треба да се воведат ефикасни механизми за спречување на власта да ги злоупотребува буџетските средства во предизборни цели, како и воведувањето на многу важен принцип државната да биде одвоена од партиската функција.

Ние ќе продолжиме да ги процесиуриме сите неправилности и злоупотреби кои ги прави ВМРО ДПМНЕ заедно со партизираните државни органи и режимски медиуми во текот на оваа кампања, и истите ќе ги објавиме и во “црна книга“.

Никој во и надвор од Македонија нема повеќе дилеми дека овој режим нема намера да организира фер и слободни избори. Тоа што Никола Груевски не се откажува од своите механизми за да се обидува да влијае врз волјата на гласачите е всушност негово признание дека и самиот е свесен дека ја нема повеќе подршката на народот.

Сигурни сме дека токму ваквите манипулации стануваат најголемата мотивација за граѓаните масовно да излезат на 24 март за да го казнат овој режим.

Би можело да ве интересира

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

Апасиев: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

А1он

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески