Макрон одби да се извини за изјавата за „мозочна смрт“ на НАТО

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска одби да се извини за изјавата дека НАТО се соочува со „мозочна смрт“, оценувајќи дека неговите забелешки можат да помогнат да почнат преговорите во Алијансата за важни стратешки прашања.

Пред состанокот на НАТО, на прашањето дали останува на ставот, Макрон одговори: „Да, апсолутно. Всушност, тоа ни овозможи да покренеме некои клучни дебати“.

Како најважна од нив ја издвои изградбата на одржлив мир во Европа.

Тој наведе дека во НАТО треба да се водат дебати и за други работи, освен за буџет и финансии.

– Наша одговорност е да ги разгледаме нејаснотиите, кои можат да бидат штетни и да покренеме вистинска стратешка дебата, порача Макрон.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера дека коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон за „мозочна смрт“ на НАТО се „многу навредливи“ за останатите 28 членки на Алијансата.

– НАТО не е никому попотребен како на Франција“, рече Трамп, додавајќи дека изјавата на Макрон за Алијансата е „многу одвратна“.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски