(ВИДЕО) Макрадули: Животните заслужуваат хуман третман

Од:

Јани Макрадули кандидатот за градоначалник на Скопје, на денешната прес конференција го објави договорот склучен со Здружението за заштита на животни Анима Мунди, и ја потсети јавноста за стационарот Вардариште кој е дел од грдото лице на Скопје.

„Животните заслужуваат хуман третман и ние договривме сигурна имплементација на Законот за заштита на животните и санкционирање на секој сторите на злодела врз животните. Бездомните кучиња секогаш ќе бидат третирани хумано и нивниот број ќе се намали преку старатегијата: залови, стерилизира, вакцинирај, врати“, рече Макрадули.

Воедно тој истакна дека оваа обврска ја превзема во името на сите кандидати на градоначалници во Скопје на „Сојузот за иднината“, а стационарите за животни и Варариште конечно ќе бидат отворени и хумани.

Макрадули рече дека ќе ги помогне кампањите за вдомување на миленици, а сите љубители на животни освен што ќе бидат вклучени во програмите ќе им биде пружена и помош за да вдомуваат.

„Анима мунди како Здружение на животните упати барање до сите кандидати за градоначалници хуманиот третман кон животните да биде ставен во политичките програми кои ќе го застапуваат нашиот град во наредните четири години. Тука сме на покана на господиниот Јани Макрадули кој ги уважи сите наши барања кои ги доставивме до него, не викна на неколку работни состаноци, ни даде ветувања и сето тоа влезе во неговата политичка програма“, изјави Столе Велковски претставник од Анима Мунди.

Велковски рече дека Анима мунди се навистина среќни дека еден кандидат за градоначалник се одважи и ова прашање за хуманиот третман на животните конечно да биде ставено во програма, порачувајќи дека доколку Макрадули ја добие поддршката на локалните избори она што е ставено во програмата конечно ќе се реализира.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно