Албанското собрание го донесе законот за враќање на името Пустец

Од:

Собранието на Република Албанија со 120 гласа „за“, едногласно, го донесе Законот за враќање на македонското име на општина Пустец, чиj назив на албански беше Лиќенас, соопшти Светскиот македонски конгрес (СМК).

– Неправдата е исправена. Ова е историска придобивка на Македонците во Албанија и поттик за натамошно унапредување на положбата и правата на Македонците. Ние сме лојални граѓани на Република Албанија, таа е наша татковина, и оваа одлука на Собранието на Албанија е заслужена и долгоочекувана, изјави престедателот на Македонска алијасна за европска интеграција и градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко.

На седницата на албанското Собрание за време не донесувањето на Законот за враќање на македонското име на општина Пустец, присуствуваа Едмонд Темелко, како градоначалник на општина Пустец и претседател на Македонската партија во Албанија и Васил Стерјовски, претседател на Унијата на млади сили на Македонската партија во Албанија.

Од СМК со честитки до македонсата заедница во Албанија за донесување на овој закон и изразување очекување на престојните парламентарни избори Македонците во Албанија, обединети, како што велат, во единствената Македонска партија во оваа соседна земја, да добијат пратеник во албанскиот законодавен дом.

Лидерот на македонската партија, Македонска алијасна за европска интеграција и градоначалник на Пустец, Темелко деновиве изјави дека доколку албанскиот Парламент не го изгласа законот за враќење на автентичните топоними на населениете места во Мала Преспа, Македонците во Албанија ќе ги бојкотираат парламентарните избори, закажани за 23 јуни.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски