Тајсон Фјури, професионален боксер во тешка категорија, спасил човечки животот. 31-годишниот боксер се сретнал со човек кој претходно имал намера да изврши самоубиство, по што го одвратил од мрачната мисла. Самиот боксер зборува за тоа на неговиот личен профил на социјалната мрежа „Твитер“.
„Доживеав еден чуден инцидент. Еден странец дојде во мојата куќа и ми рече дека сака да се самоубие, но и дека сака да разговара со мене пред да го стори. тоа. Јас го одвратив од тоа и го натерав да трча 3 милји. Кога се разделивме, тој беше исто толку среќен како Лери (популарна мачка во околината) и мојот план се чинеше профункционира, рече Фјури.
?️ Tyson Fury: "I had a random stranger come to my house tonight, told me he was about to commit suicide, but he needed to speak to me first before he did it…"
[?️ @Tyson_Fury] pic.twitter.com/hNnPe1YkBu
— Michael Benson (@MichaelBensonn) December 3, 2019
Тој упати порака до луѓе кои имаат проблеми да не си го одземаат сопствениот живот.
– Ситуацијата ќе се подобри, ви ветувам. Секогаш има помош зад аголот, побарајте лекарска помош и вратете се на она што сте биле порано. Не е готово, не завршило тогаш, не завршило ни сега. Ајде, луѓе, не предавајте се. Продолжете да се борите. Како што направив во 12. рунда против Вајлдер, продолжете, без оглед колку често паѓате, вели боксерот во пораката.