Се бара нафта или ќе се испитува длабочината на Охридското езеро?

Од:

Огромна платформа за бушење со сите потребни елементи која изминативе деновие се монтираше веќе е поставена во водите на Охридското езеро кaj охридската населба Елешец.Платформата најверојатно ќе биде поврзана со неколку брода, бидејќи нема сопствен погон и истата ќе биде префрлена во средината на Езерото.

Екипите што работеа на монтажата велат дека со неа ќе се врши испитување на дното на Езерото до 2000 метри длабочина под езерото. Со оваа активност ќе се испитува староста на едно од најстарите езера во светот.

Пред некоја година во Охрид во Хидробиолошкиот завод престојуваше екипа на стручњаци од Германија која најавија испитувања за староста на езерото. Според досегашните испитувања се претпоставува дека езерото е старо помеѓу 3,5 и 4 милиони години, но германските експерти сметаат дека е многу постаро.

При овие испитувања беше соопштено дека на делови од дното се пронајдени делови на честички кои ги исфрлил вулканот Везув во Италија кои ветрот ги донел дури до Охрид. Низ Охрид по појавата на палтформата се шират гласини дека некој бара нафта во езерото.

За тоа дека во него имало и нафта се говореше и пред неколку децении, но тоа повеќе беше како шега. За сега нема официјални информации од надлежните институции што се случува на теренот.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум