Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во агендата ги има посетите на Белград и Приштина.
Денеска тој е во Белград, на разговори со српскиот државен врз за за досегашниот напредок на земјава во евроинтеграциите.
Според најавите, на маса ќе биде отворено и прашањето за дијалоготот меѓу Белград и Приштина, како еден од главните услови Србија да добие почеток за преговори за членство во Европската унија.
По Белград, Филе оди на Косово, на разговори со тамошните власти. Оваа посета на Филе доаѓа пред новата рунда на преговори неделава помеѓу српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.
Филе доаѓа една недела по средбите на Кетрин Ештон, шефицата на дипломатијата на ЕУ, која имаше средби со премиерите на Србија и Косово