Борисов: Се надевме дека македонската држава ќе биде дел од НАТО и ЕУ

Од:

Се надеваме дека ќе ја видиме Република Северна Македонија, како во НАТО, така и во Европската унија, и на тоа работиме сите.

Ова го кажа бугарскиот премиер Бојко Борисов во врска со изјавата на претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за БГНЕС дека Бугарија помогнала за евроинтеграцијата на С.Макеоднија и за отстранување на нејзината меѓународна излолација.

Според Борисов, оценката на Пендаровски за политиката на Софија кон Скопје е како добиена највисока оценка од „Стандард и Пурс“. (Агенцијата „Стандард и Пурс“ деновиве го подигна кредитниот рејтинг на Бугарија, кој во моментов е највисок меѓу балканските земји).

– Тоа е да и помогнеме на една наша соседна држава, и самиот претседател да признае дека ги извлековме од изолација, затоа што направивме огромен напор за ова. Сакам да му се заблагодарам на Пендаровски преку БГНЕС за тоа го кажа, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он