ВИДЕО: Рама се расплака читајќи ги имињата на 50 жртви од земјотресот

Од:

Албанскиот премиер на денешната владина седница изјави дека е прекинатa потрагата и спасувачките операции по преживеаните од земјотресот, додавајќи оти бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес се искачи на 50.

– Акциите за пребарување и спасување се завршени и за жал морам да кажам дека бројот на жртвите се искачи на 50, наведе Рама.

Кога почна да ги чита имињата на жртвите Рама почна да плаче, но набрзо се смири и продолжи.

Владата донесе одлука со која на семејствата кои изгубија членови да им додели по еден милион леки (околу 8.500 евра), а ќе ги покрие и трошоците за погреб. Одлуката важи и за семејствата на браќата Шемседин и Иса Абази од Гњилане, Косово, кои загинаа при уривање на хотел во Драч.

Рама им се заблагодари на екипите за потрага и спасување кои дојдоа во Албанија од повеќе земји.

– Сакам да им се заблагодарам на екипите за пребарување и спасување кои дојдоа од надвор.

Без нив не би можеле да спасиме ниту еден жител од под урнатините. Но, ова не ја намали работата на нашите екипи за пребарување и спасување, но ним им се потребни специјални средства, рече премиерот.

Тој објави и податоци за најпогодените области.

– Сериозни оштетувања има кај 1.192 објекти, а за 265 стамбени згради треба проценка, како и за осум училишта и една здравствена установа. Во хотел сместени се 2.472 лица, додаде Рама.

Тој најави дека секој кој гради за профит, при тоа злоупотребувајќи ќе биде санкциониран.

– Затвор за супервизорите, архитектите и градежниците кои злоупотребуваат, изјави Рама со повишен глас на денешната владина седница.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он