Претставници на Косово бараат дел од договор за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, да биде и решавање на големи теми и спорови, како што се воената штета, пензијата, поделбата на имотот, златото и слично, пишува „Коха диторе“.
Приштинскиот дневник наведува дека во разговорите во Брисел, кои ги води високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, се уште не се зборува за големите теми од економско влијание, за кои постојат несогласувања помеѓу Белград и Приштина.
-Тие теми и прашањето за исчезнатите се очекува да биде на маса, втората половина годинава – додава „Коха диторе“.
Заменик премиерот на Косово, Хајредин Кучи изјави дека и понатаму приоритет е прашањето за северот на Косово.
Според неговите зборови, разговорот за тоа треба да се заокружи во текот на наредниот месец, а со него треба да се пронајде решение и за енергијата и телекомуникацијата.
Елена Георгиевска