Поранешната прва дама на Франција, Карла Бруни, снимила нова песна во која се подсмева на политичкиот противник на својот сопруг Никола Саркози, и сегашен претседател на Фанција, Франсоа Оланд, нарекувајќи го „пингвин“.
40-годишната манекенка и пејачка побеснала затоа што Оланд, после претседателската победа минатата година, не го испратил нејзиниот сопруг при симнувањето по скалите од јелисејската палата.
Во песната со наслов „Пингвин“, која се наоѓа на нејзиниот нов албум „Мали француски песни“, таа пее:
„Јас го познавам тој пингвин, он нема господарски манири… Пингвините се невоспитани“.
Многумина оваа песна ја доживуваат како желба на Карла да се освети на Оланд поради неговото однесување, пишува „Тајмс“. Понатаму во песната таа пее за неговата просечност:
„Не е ниту грд, ниту убав, ниту висок, ниту низок, ниту ладен, ниту топол, тој пингвин, он не е ниту да, ниту не.“
Имено, „Ниту да ниту не“ е прекар кој француските медиуми му го доделија на Оланд поради неговата неодлучност.
Во новиот албум, Карла Бруни дава признавање на својот сопруг, велејќи дека е мажесвен, сладок и единствен.
Многу аналитичари тврдат дека песната дефинитивно ќе ја посрамоти Бруни и ќе ги уништи нејзините напори да биде призната како сериозна уметничка. Таа јавно не признала дека песната е за Оланд, туку им рекла на пријателите.
Јасна Атанасова