Џонсон не се откажува од подготовките за Брегзит без договор

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека не сака Владата да се откаже од подготовките за можен Брегзит без договор.

– Многу од овие подготовки ќе бидат исклучително корисни, бидејќи секако ги напуштаме договорите со ЕУ. Затоа, мислам дека беше соодветно што тоа го направивме и треба да ги задржиме во состојба на подготвеност, изјави Џонсон пред новинарите.

Тој додаде дека е убеден дека Велика Британија ќе постигне договор за слободна трговија со ЕУ до крајот на 2020 година, што ќе го отстрани ризикот од економски шок по Брегзит.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска