Над 10.000 км2 од амазонската прашума исечени во последната година

Од:

За првпат од 2008 година, последнава година, поточно од август 2018 до јули 2019 година, сечењето на шумата во бразилската прашума Амазонија го мина прагот од 10.000 квадратни километри, што претставува раст од 43 отсто во однос на измиантите 12 месеци, покажуваат најновите официјални податоци, што синоќа беа објавени.

Според ИНПЕ, Државниот институт за вселенски истражувања, овие податоци покажуваат уште поголем раст за последната година, за цели 74,5 отсто, во сечење на шумите на домородечките подрачја.

Најголемата тропска шума во светот за само една година изгубила вкупно 10.000 квадратни километри, а меѓу август 2017 и јули 2028 година имаше загуба од 7.033 квадратни километри.

Овие најнови податоци доаѓаат по претходниот извештај во кој се наведуваше дека за споменатиот период имало исечено шума за 9.762 квадратни километри.

Повеќе од 60 отсто од Амазонија е дел од територијата на Бразил.

По 2008 година кога беа исечени вкупно 12.287 квадратни килемтри овие податоци се највисоки во една година.

Би можело да ве интересира

Голема потрага по четири деца кои се изгубија во џунглата на Амазон

Горан Наумовски

Еквадорска Амазонија: Природен парк и река загадени од излевање нафта

Ана Ололовска

Уништување шуми во бразилската амазонска прашума е зголемено за 22 отсто за една година

Ана Ололовска

Народ од Амазонија можеби го има клучот за справување со деменцијата

А1он

Бројот на пожари во Бразил минатата година се зголеми за 12,7 проценти, над 103 илјади регистрирани во Амазонија

Ана Ололовска

Амазонската прашума за 18 години изгубила површина колку Шпанија

Ана Ололовска