Илјадници активисти и приврзаници на самостојноста на Хонг Конг присуствуваа на собир за благодарност кон САД

Од:

Илјадници активисти и приврзаници на самостојноста на Хонг Конг синоќа се собраа во центарот на градот на собир што го нарекоа „Ден на благодарноста“, за да им се заблагодарат на САД за донесувањето на законот со кој им се даде поддршка на демонстрантите во Хонг Конг.

Истовремено, тие ветија дека „ќе продолжат да маршираат“ и да се борат за своите цели, јавија американските медиуми.

Американскиот претседател Доналд Трамп завчера го потпиша законот што беше усвоен од Конгресот за давање поддршка за демонстрантите во Хонг Конг и санкции кон кинеските власти.

Еден од законите ги потпишува економските санкции за Хонг Конг и кинеските официјални претставници, кои се прогласени за виновни за кршење на човековите права.

Вториот го забранува извозот на одредена маневарска муниција за хонгконшката полиција.

Кина вчера го повика на разговор американскиот амбасадор тери Брендстад за да му изрази „силен протест“ заради одлуката на претседателот Трамп да го потпише законот за човековите права во Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше