САД: Општините на Косово веќе имаат извршни овластувања

Од:

Амбасадорката од САД на Косово, Трејси Џејкобсон оцени дека косовските закони им даваат на српските општини извршни овластувања, па институциите на Косово не треба да се плашат од координирање на тие овластувања.

-Не сакам да коментирам како треба да изгледа и што треба да работи асоцијацијата на српските општини. Меѓутоа сакам да нагласам дека според Уставот и законите на Косово, општините имаат извршни овластувања – изјави Џејкобсон.

Според неа Уставот на Косово има за цел да обезбеди механизми кои ќе бидат во служба на потребите на општините.

Таа нагласи дека наредниот месец очекува позитивно движење во врска со постигнување договор на Косово и Србија, во дијалогот кој се одвива под капата на Брисел.

-До сега видовме дека разговорите на двете страни одат по добар пат. Верувам дека договорот ќе биде во согласност со Уставот на Косово – изјави американската амбасадорка на Косово.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина