Металург немаше никаков проблем да дојде до четвртата победа по ред во ракометната Суперлига, и го надигра Тинекс Пролет со 36:28.
Тимот од Автокоманда се мачеше со Вардар јуниор во минатото коло, загуби од Горење во ЕХФ купот, но вечерва сериозно ја сфати работата против Тинекс Пролет и уште во првото полувреме кое го доби со 20:11, покажа решеност да ги освои бодовите без да има дилеми околу победникот.
Металурзите на тренерот Зоран Кастратовиќ се први во Суперлигата со 32 бода, пред Охрид со 31 и Бутел со 28.