Дамјановски: Граѓаните ќе одлучат каква Македонија сакаат

Од:

СДСМ и коалицијата „Сојузот за иднината“ од Куманово, синоќа одржаа мини-митинг во населбата Перо Чичо.

На присутните граѓани им се обрати кандидатот за градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски, пратеникот Оливер Спасовски и кандидатите за советници, предводени од носителот на листата Максим Димитриевски.

sdsm-kumanovo-mart

Дамјановски истакна дека очекува голема победа, која ќе биде услов за влез во нова етапа на развој на Република Македонија.

-На 24-ти граѓаните ќе одлучат дали сакаат прогресивна, напредна, демократска и европска Македонија или сакаат Македонија која што, изминативе седум години е затворена, изолирана, водена само од Груевски и неговото семејство – изјави Дамјановски.

dimitrievski-govor-mart

Максим Димитриевски истакна дека нивната партија се обедини со останатите коалициони партии, за да им каже „не“ на неправдата и она што се случува во Македонија.

-Сведоци сме дека секојдневно во Македонија се трошат многу пари. Груевски и семејството не знаат ништо друго освен да градат популистички проекти, споменици, барокни градби, купуваат двокатдни автобуси, но не може само во Скопје да се гради. Ние сакаме да ги споделиме државните средства подеднакво, а не да се скратуваат средствата во нашата општина – нагласи Димитриевски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно