Во Германија има осум милиони зависници, кокаинот сериозен проблем

Од:

Во Германија има повеќе од осум милиони зависници, што значи дека секое десетто лице во земјата конзумира барем една легална или нелегална дрога, а кокаинот е се поголем проблем, се наведува во податоци од сојузната Влада во Берлин.

Германската гранична полиција заплени 4,5 тони кокаин во Хамбург во јули во карго брод што пренесувал соја на пат кон Антверпен. Полицијата заплени повеќе од десет тони кокаин оваа година, шест пати повеќе од пред пет години, јавија германски медиуми.

-Кокаинот во Германија е вистински проблем. Зад тоа стои многу добро организиран криминал. Европскиот пазар сега е преплавен. Тоа многу ме загрижува, изјави претставникот на германската Влада задолжена за прашања за борба со наркотици, Даниела Лудвиг на годишната средба на тема трговија со дрога и конзумирање во Германија.

Четири милиони луѓе се зависници од никотин, 1,6 милиони од алкохол, 300.000 од канабис, а околу 166.000 луѓе консумираат опијати како што се хероин или кокаин.Во истражување базирано на анализи на отпадни води во големите европски градови потврдува проблем со конзумирање тешки дроги пред се во Берлин, Минхен, Хамбург и Дортмунд.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија