ВИДЕО: СДСМ во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш и Струмица

Од:

СДСМ и коалицијата „Сојузот за иднината“ вечерва со почеток од 21 часот ќе одржат митинг на плоштадот „Македонија“ во Скопје. На митингот ќе присуствуваат сите кандидати за градоначалници и носителите на советнички листи од сите општини. На присутните ќе им се обратат лидерите на сите партии од коалицијата, „Сојузот за иднината“.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе одржи митинзи во Радовиш, Струмица и мини-митинзи во Ново Село и Босилево. Митингот во Радовиш е планирано да започне во 17 часот, а средбата со граѓаните на Струмица е закажана за 21 часот.На митинзите ќе присуствува лидерот на ВМР0-ДПМНЕ и премиерот на Македонија, Никола Груевски, но и лидерите на коалиционите партнери.

ДУИ во 16 часот ќе одржи средба со граѓаните на Охрид, а митингот е закажан за 18 часот во Струга.

ДПА ќе одржи митинзи во Тетово во 18:30 часот, а ќе се сретне и со жителите на Шипковица и Студеничани.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември