(ВИДЕО) Тачи: Албанците како никогаш досега се понижувани и омаловажувани

Од:

Лидерот на ДПА Мендух Тачи на синоќешниот митинг побара од жителите на тетовска Мала Речица во следните денови да разговараат со сите луѓе што се уште се двоумата за кого да гласаат на претстојните локални избори и да ги убедат да ги поддржат кандидатите на ДПА со што ќе покажеле дека не се согласуваат со сегашното водење на политиката во Македонија.

„Почитувани граѓани овие избори се многу важни за нас. Албанците како никогаш досега се понижувани и омаловажувани, а во целата оваа состојба соучесник и актер е ДУИ. Како мислат оние господа да бараат гласови во Тетово кога ништо не направија за овој град и не само што немаат инвестирано ниту денар туку и ни пречеа преку општинскиот совет.

– Професорот Беџети максимално се залагаше да ги амортизира ударите од централната власт и Советот на општината и затоа сега на овие избори ќе ги растури победи“, изјави Тачи.

Кандидатот за градоначалник за општина Тетово Сади Беџети најави нови проекти кои би ги реализирал во следниот мандат, а и потсети на се што до сега направил за мала Речица.

„Почитувани граѓани вие знаете дека имав многу опструкции од страна на мнозинството во Советот на општина Тетово. Иако ми ги одлагаа речиси сите одлуки и решенија јас продолжував и не застанав со работата.

– Моја желба беше да го завршам што поскоро проектот за водоснабдување на Тетово и овој проект е при крај независно од опструкциите што ми ги направија оние што не го сакаат градот и доброто на тетовци. За два до три месеци ќе славиме за овој голем успех. Убеден сум дека по големата победа што ќе ја извојуваме на 24 март општината ќе работи непречено“, рече Беџети.

На митингот свој говор имаше и носителот на советничката листа Дурим Љума.

ВИДЕО: А1он

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно