Сакам денес од тука од пред црквата Св. Пантелејмон во Нерези, да ви го честитам големиот верски празник Прочка, да побарам од граѓаните на Карпош да ми простат доколку сум им згрешил, јас им опростувам на сите што ми погрешиле во духот на нашата христијанска традиција, рече Андреј Петров, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, од Сојузот на иднината, на денешната пресконференција.
На сите граѓани, Петров им посака хармонија и спокој во семејството.
Има само една работа која не можам да ја простам тоа е предавството. Предавството на блиските е непростливо, додаде Петров.
„Ја користам оваа прилика да најавам изградба на црковен храм во Карпош што е составен дел на мојата изборна програма, бидејќи за овие 5 години не е мрднато од камен од онаа иницијатива која ја отпочнав во мое време за изградба на православен храм во Карпош. На локација во срцето на општината ќе предвидиме парцела која ќе ги задоволи потребите за изградба на еден ваков објект“, изјави Андреј Петров.