Традиционалната „Недела на франкофониски филм“ ќе започне во среда од 19.30 часот во Кинотека на Македонија. Проекциите ќе започнат со премиерно прикажување на францускиот филм „Готвачката на престедателот“.
Истовремено ќе биде отворена и изложба на плакати на француски филмови од Бугарија.
Настанот ќе го отворат амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер и амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Петров.
Неделата на франкофониски филм се реализира во соработка со дипломатските претставништва на франкофонските земји и со поддршка на ТВ каналот „Арте“.
Јасна Атанасова