Македонија ќе настапи со двајца боксери на силниот меѓународен турнир „Златна рукавица“ во Панчево, еден од последните годинава во календарот на ЕУБЦ.
Ова е силен турнир на кој ќе учествуваат околу 100 боксери од 21 земја, Македонија ќе ја претставуваат Јасин Љама кој победи на „Златен Гонг 2019“ и Арсим Етеми. Борбите започнуваат од утре и ќе траат до сабота.
Љама ќе настапи во категоријата до 63 килограми, Етеми ќе не претставува во категоријата до 75 килограми, овие дбајца наши боксери ќе учествуваат и на Балканското првенство во Анталија од 10 до 15 декември.