Вучиќ: Се плашам дека од нас ќе бараат нешто што не е можно

Од:

Се надевам дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина ќе донесе компромис, но се плашам дека од нас ќе бараат нешто што не е можно, изјави денес потпретседателот на владата на Србија, Александар Вучиќ.

На новинарското прашање зошто датумот за почеток на преговорите со Европската унија е важен за Србија, Вучиќ нагласи дека за тоа не се согласува со „пријателите“ од Демократската партија на Србија, бидејќи ЕУ е нивен значаен партнер.

-Постојат економски и политички причини за европската интеграција, објасни тој и истакна дека најважно е да се промени начинот на размислување и да добијат модерна држава.

Но според него доколку Србија не добие датум, Унијата ќе мора да ги објасни причините, бидејќи и самата призна дека владата на Србија оствари голем напредок.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани