Познатиот режисер Егон Савин започна со работа во Театар Комедија

Од:

Режисерот Егон Савин, по 20 години, повторно работи во нашата држава – овој пат во Театар Комедија. На сцената на Театар Комедија веќе се во тек пробите за претставата „Човек, ѕвер и доблест“ по текстот на Л. Пирандело, а под палката на бардот на режијата – Егон Савин.

За костимите е задолжена Елена Дончева, а сценографијата е на Весна Поповиќ.

Премиерата е закажана на 23 декември. Во оваа последна премиера за годинава играат: Атанас Атанасовски, Сашка Димитровска, Сашо Ристовски, Жарко Димоски, Тони Денковски, Ева Скендеровска, Жаклина Петровска и Жаклина Стевковска.

Билетите за претпремиерата, премиерата и за првата реприза се пуштени во продажба.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија