А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сочувство од претседателот Пендаровски за загинатите и повредените во земјотресот во Албанија

by А1он26/11/2019 - 11:46319
Share0

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, во кој изрази длабоко сочувство за жртвите и повредените во земјотресот што рано изутрината ја погоди Албанија.

Добивај вести на вибер

Пендаровски, како што информира неговиот кабинет, му понуди поддршка на претседателот Мета, а кабинетот е во постојана координација со кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, преку заедничка синхронизирана активност да им се пружи помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените граѓани на Албанија.

Претседателот Пендаровски, во име на граѓаните на Република Северна Македонија, упати и телеграма со сочувство до претседателот Мета.

-Со длабоко жалење ја примив веста за земјотресот кој предизвика вистинска трагедија во Република Албанија и длабоко жалам за загубените животи и огромните штети од оваа ужасна природна катастрофа. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на жртвите, повредените и оние кои останаа без своите домови, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Северна Македонија и од мое лично име да Ви упатам изрази на длабоко и искрено сочуство, вели Пендаровски во телеграмата.

Тој е уверен дека хуманоста и солидарноста ќе помогнат во ублажувањето на последиците од, како што вели, оваа голема трагедија.

zemjotres

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Горан Наумовски25/03/2026 - 21:11

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 12:2825/03/2026 - 12:32

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски24/03/2026 - 07:2524/03/2026 - 07:25

Земјотрес во Грција

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 09:27

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 07:50

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција

Горан Наумовски08/03/2026 - 11:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто